Независно од која власт, сегашна, предходна, идна, здравиот разум треба да проработи согласно функцијата која ја вршат.
Да го прашаме господинот министер за финансии, премиерот и министерот за здравство, дали тие веруваат во систем каде само лекарите заслужуваат повисоки плати?, прашуваат медицинските сестри откако се најавија покачувања за следната година само за докторите.

Тие со порака и до министерот за финасии, Драган Тевдовски.
„Дали министерот за финансии сака да добие само 5% вредност од услугите кои ќе ги спроведува сестрата кога би му затребала здравствена помош? Да одвои во ноќните часови насмевка која вреди само 48 ден надоместок за час? Дали имате грам свест, и одговорност(бидејќи очигледно разумот не го гледаме), да го делите се повеќе здравствениот персонал на: доктори и се останато?
Дали мислите дека треба се уште да молчиме, да трпиме, затоа што едни сменивме, па да толерираме уште малку,уште малку, уште малку?


Дали разбирате дека здравствените работници имаат семејства дома? Дека тие семејства на таа деликатна работа што ја работиме треба да бидат здраво семејство? Дека капнати, истоштени, растажени, уништени, сиромашни и исплашени згора, се враќаме и треба да функционираме?
Уште не поминато ни седмица од нападот на медицинско лице, Вие си дозволувате ваков испад?
Несериозно, предизвикувачки, засрамувачки потег.
Да се засрамат сите наши соработници, сите доктори кои молчат на ова.
Доста ни е тапкање по рамо, ни треба еднаш поддршка како што досега сте ја имале и од нас.


Претставниците на овој медицински персонал заклучуваат: „Проверете си колеги, колешки, по синдикатите за ставот, да не биде доцна, и побарајте си го вашиот глас, бидејќи вакво обезличување на здравствениот работник е врв на досегашното понижување.
Па која и да е влада, кој и да е министер.
Ние сме тука за народот, а не за министерствата.