Пред 10-тина минути на клиниката за Токсикологија во склоп на клиничкиот центар во Скопје, пристигнал пациент во алхохолизирана состојба. Медицинскиот персонал веднаш излегол во пресрет и почнал со вообичаените процедури за да му помогне на лице кое се наоѓа во ваква состојба. Но, се би било во ред доколку одеднаш пациентот не започнал да ги бутка сестрите, да се кара и да упатува погрдни зборови кон докторите на смена, едноставно се однесувал недолично.

Подобро упатените и очевидците на овој настан сведочат дека ниту имало кој да ги заштити медицинскиот персонал и вработените, ниту некој се појавил во нивна одбрана, туку тие самите на свој начин, како и секојпат претходно до сега пробале да се истргнал од рацете на пациентот и да го стават во состојба на контрола. После 10 минутна драма пациентот конечно се смирил, престанал со буткање на сестрите и докторите, престанал со пцовки и недоличен говор и успеале да му пружат медицинска помош како што доликува во ваква ситуација.

До кога медицинскиот персонал кој работи втора смена на било која од клиниките или ако е на дежурство при вакви ситуации ќе биде оставен сам на себе? Каде е Филипче да поведе сметка што се случува по клиниките кога ќе заврши прва смена?