Разгледувајќи ја состојбата на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, Клиниката за Детски болести и бројот на починати новороденчиња во Македонија, може да се изведат неколку заклучоци. Од министерството за здравство, како и од ГАК, посочуваат дека состојбата е сменета и бројот на починати новороденчиња е значително намален, тоа го најавија од министерството минатата недела на самото одбележување на денот на предвреме родените дечиња во светот.
Добро упатените посочуваат дека Клиниката за детски болести и Одделот за интензивна нега и терапија е единствениот медицински центар во Македонија каде што препраќаат и згрижуваат предвремено родени бебиња и бебиња со екстремно ниска родилна тежина од сите родилишта во нашата држава. Како референтен центар во изминативе две години Одделот има згрижено и лекувано околу 170 бебиња родени под 31-та гестациска недела од бременоста.
Како што информира Клиниката за детски болести, во 2017 година на Одделот за интензивна нега и терапија примени се 87 предвреме родени новороденчиња. Од нив, 33 се деца родени под 28 гестациска недела и 22 биле со екстремно ниска родилна тежина под 1.000 грама.
За да добиеме подетални информации околу оваа состојба на ГАК и детската клиника пративме мејл до одговорните во овие институции и ги поставивме прашањата:
1. Како Македонија се наоѓа на листата на предвреме родени бебиња и тоа на едно од повисоките места, дали до толку е лоша состојбата во Македонија со предвреме родените бебиња и нивната хоспитализација?
– Клиниката за Гинекологија и акушерство е најголемото родилиште во државата и со најголем број на породувања, установа каде се примаат сите случаи на високоризични бремености па и тие со предвремено породување од внатрешноста на државата, како и од приватните болници. Во Македонија ГАК е одговорна за овие бебиња, но во светот постојат референтни центри за недоносени новороденчиња во склоп на детските клиники или засебно. Министерот Филипче вети во разговор дека е најавено отварање на еден таков центар во склоп на новиот клинички центар. Бројката не е толку голема кај нас бидејќи во бројката на починати бебиња влегуваат и тие со тешки аномалии и тие помеѓу 22-рата и 28-та гестациска недела, што не е случај во светот.
До кога ќе го чекаме новиот клинички центар министерот не посочи, ниту некој друг од министерството, а дека во меѓувреме треба да се работи да се сочуваат детските животи, треба. Дека во континуитет ќе се продолжи со работа и спасување на животите на бебињата родени пред 31-та гестациска недела ќе се продолжи, докоторите и одговорните во овие две клиники ќе дадат се од себе, меѓутоа не треба ли и министерството да го даде својот максимум.
Каде е Филипче да рационално ги искористи оваа година средствата од буџетот предвидени за набавка на опрема, машини, па да пренамени дел од просториите на клиниката за детски болести или ГАК кои се неискористени, кои не се употребуваат или кои служат за складирање на отпад, смет и како магацински простор. Каде е министерот да набави опрема, да ги оспособи овие простории и со минимални инвестиции или со поголеми зафати да го прошири и олесни начинот на делување на докторите и лекарите на ГАК и Детската Клиника да процентот на починати новороденчиња уште повеќе се намали. – посочија упатените
Доколку се прашувате што со опремата кога ќе се изгради новиот клинички центар, ќе биде преселена, дадена како донација во некоја од поликлиниките и искористена рационално во секој поглед.
2. Ако се вели дека е подобрена состојбата со предвреме родените и нивната смртност дали тоа се должи на префрлањето на предвреме родените бебиња на одделенија во детската клиника или има вистински податоци кои посочуваат дека се намалува смртноста на бебињата?
– На одделението за интензивна нега на детската клиника за овие 10 месеци се згрижени околу 60-тина новороденчиња, додека на клиниката за Гинекологија тој број надминува над 600-тини. Во Македонија ГАК е задолжена за превземање на новороденчињата по раѓањето во установата освен за случаите кај кои е утврдена одредена телесна аномалија или пак на барање на родителите истите се префрлени на детска клиника.
– Според одговорните во инсититуциите големите бројки за смртност кај новороденчињата се должат на ниските прагови, во цел свет смртноста кај предвреме родените бебиња се смета од 28-та гестациска недела кај нас сметањето е од 22-рата гестациска недела. Друга причина поради големите бројки на починати бебиња е тоа што и бебињата кај кои ќе се увиди дека имаат тешки аномалии во другите земји се изземаат од сметањето доколку настапи смртност, додека кај нас се смета како секое друго бебе.
Дали со овие податоци и бројки докторите полесно спијат, дали тоа се причините со кои се оправдуваат себеси и дали при секој случај и во секоја ситуација го даваат својот максимум, тоа само докторите знаат. Нас како обични граѓани ни останува да веруваме на овие информации и дека тоа е се што може да направи одговорната иснтитуција и министерството или не.
Во секој случај на крај може само да се каже дека статистички гледано оваа година се бележи пад на починати предвреме родени новороденчиња и тоа од 167 во 2017-тата, оваа година 2018-та бројката е 96, на речиси исти или приближен број на третирани дечиња на интензивната нега. Со друго зборови имаме помалку 5% смртност за разлика од лани. Доколку е вистина и податоците се веродостојни, министерот треба да погледне во кој сектор се бележи прираст и таму да ги насочи инвестициите со опрема и медицински персонал, наместо да се слушаат вести како во изминатиот период дека детската клиника нема за сапун и за тоалетна хартија за пациентите.
Таквото однесување е недозволиво, Филипче треба да се насочи и да делува – посочија упатените.