Во пресрет на светскиот ден на здравјето 7-ми Април, денес во Холидеј Ин ќе се одржи собир во организација на Македонското Лекарско Друштво (МЛД) под мотото „Здравје за сите, здравје насекаде“.

Собирот ќе го отвори актуелниот претседател на македонското лекарско друштво, г-нот Горан Димитров по што во 13 часот на собирот ќе се обрати и актуелниот министер за здравство г-нот Венко Филипче. Реферат по повод светскиот ден на здравјето ќе прочита и ќе се обрати на присутните проф д-р Моме Спасовски.

Веднаш по обраќањето ќе бидат доделени и признанијата на Македонското лекарско друштво