Матичните лекари извисија. За нив нема покачување на плати, односно повисок капитционен бод, а незадоволни се и од актуелните казнени политики на Министерството за здравство. Во последната деценија имало зголемување за 10 денари, па сега земаат 55 денари по пациент. Револтот е голем, а доколку не се изнајде решение за проблемите, протестите ќе продолжат, велат од Здружението на приватни лекари.

Министерот Филипче вели дека исполнување на сите барања не е возможно.

Матичните лекари од Велес, Прилеп и Кочани во текот на минатата недела излегоа на улиците и порачаа дека се зголемува одливот на медицински персонал од земјава, а доколку состојбата не се промени, ваквиот тренд ќе продолжи, па нема да останат работници за да ги лечат македонските граѓани.