На една утринска програма се отвори главното прашање за ПАП тест, зошто жените не одат кога е бесплатен. При текот на емисијата се јави една жена и посочи дека тестот е бесплатен на хартија, која жена и да отиде на Гинеколог едно обично ехо да направи и се наплаќа, иако според законот матичен гинегоколог не треба да наплаќа. Таа дури посочи дека ако пацинетките сакаат веродостоен точен ПАП тест треба да доплатат, бидејќи на Клинички дури не се знаело кој го прегледува. Затоа отишла на приватен гинеколог г. Филиповски кој е и Претседател на Здружение на матични гинеколози.

Душко Филиповски е Претседател на Здружение на матични гинеколози кој во секоја своја статија и изјава посочува дека кај избраните гинеколози, според Фондот, треба да се бесплатни дијагностички прегледи со ЕХО, колпоскопија, земање брис. Тој објаснува дека ПАП-тестот е бесплатен на секои три години и за него се повикуваат пациентите по возрасни групи, според веќе определена програма. За ПАП-тест еднаш годишно се плаќа партиципација од 60 денари. Прифатените светски правила велат дека ако трите последни теста се уредни, наредниот се прави за три години – вели д-р Филиповски.

Иако по закон за прегледите кај матичните гинеколози не треба да се наплаќа, најголем дел од нив им земаат пари на пациентките. Кога избраниот гинеколог ќе побара пари за бесплатен преглед, советуваат од Фондот, осигуреничките треба да му посочат дека се запознаени со нивните права и дека прегледот кај избран лекар не се наплаќа. Во случај кога се инсистира на наплата за прегледот, потребно е да побараат фискална сметка за извршените здравствени услуги и да го информираат Фондот, било преку претставка доставена во писмена форма било преку електронска форма, а во прилог да достават фотокопија од финансиската документација (фискална сметка).

При читањето на оваа статија, гледачката на водителот му рече, токму тој ми наплати за ПАП тест и не ми даде фискална сметка.

Дали во оваа здравство постои контрола да се увиди кој како работи, без притоа да се обвинуваат пацинетите. За ПАП тестот ако е бесплатен, зошто тогаш гинеколозите го наплаќаат или пак зошто пацинетките не се доволно упатени и запознаени. На овие прашања треба да одговори и самото министерство, без притоа да молчи и да се затскрива позади донациите кои ги донираат секојдневно различните фирми. Време е министерот да започне да работи и да увиди што се случува точно во здравствениот систем кој полека но сигурно се повеќе се распаѓа, а последиците од тоа најмногу го чуствуваат пациентите на својот грб, односно по своето здравје.