При систематските прегледи на првачињата,  лекарите забележале дека речиси кај секое трето дете се забележува пречка во разликување на буквите од далечина како и проблеми со ’рбетен столб и нестабилно држење на телото.

Меѓу главните причини за проблемите со ’рбетниот столб, докторката Стојановска го споменува недостатокот на физичка активност дома и во школо, како и тешките училишни ранци. Од наставниците бара секој ден во училница да се направат основните вежби за правилно држење на телото. Додека за ослабениот вид кај првачињата, како главен виновник се посочуваат таблетите и мобилните телефони.

Од поликлиниката Чаир потсетуваат дека освен гореспоменатите проблеми, секој ден расте бројот на ученици со дебелина, почнувајќи од прво до деветто одделение. Во повеќето случаи ова се должи на несоодветна и нездрава храна и прекумерна употреба на газирани пијалаци.