Состојбата е алармантна и докторите апелираат за поголема свесност кај младите и кај нивните родители, бидејќи многу често животот им е на граница. Најмногу повици има за викенд, тогаш интервенциите стигнуваат и до 120.

„Има деца средношколци студенти, кои буквално се без свест. Мора да се влијае, многу со алкохол кои возат. Викендите се навистина за сериозни размислувања, во делот на безбедност по живот без да се разболите“, вели др. Ѓорѓи Карамановски од Брза Помош.

Променливото  време ги зголеми повиците. Докторите очекуваат зголемување со најавата за пад на температурите. Температурните разлики се тешки за луѓето со хронични заболувања.

„Многу од јавувањата се луѓе кои паѓаат во несвест од промена на времето и покрај терапијата во вакви променливи периоди треба да се внимателни пред се зад воланот“.

Апел до граѓаните, внимавајте на своите деца, внимавајте на вас, не повикувајте Итна Медицинска помош, доколку немате вистинска потреба за тоа!