Почнувајќи од денес (среда) од североисток кон нашата територија ќе се спушта студен воздух кој ќе услови голем пад на температурите на воздухот (за околу 10 степени), сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи со послаб интензитет и утре ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, снежната граница ќе се спушта особено кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток па така локални послаби врнежи од снег ќе има и на пониските места.

Особено на повисоките места и на планините се очекува да се формира и снежна покривка, тенка снежна покривка можна е и во некои од населените места.

Температурите на воздухот многу ќе опаднат и најстудено ќе биде во четврток кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од -2 до 7 степени, во петок наутро ќе биде многу студено со минимални температури насекаде минусни и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени.