За првпат во Македонија имплантирано механичко срце. Пациент на возраст од 54 години со терминална срцева слабост пред неколку дена беше успешно опериран на Универзитетска Клиника за Државна Кардиохирургија. Тимот на врвни кардио хирурзи предводен од спец. д-р Петар Ристески кој дојде од Универзитетската Клиника во Франкфурт, и членовите: проф. д-р Сашко Јовев, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Марјан Шокаровски и останатите членови на кардиохируршкиот тим имплантираа механичко срце.

Операцијата помина во најдобар ред. Веруваме дека уредот кој беше имплантиран, т.н. механичко срце ќе му даде одлични резултати на пациентот и долг живот.

Ова се информациите кои можевте да ги прочитате на ФБ страната на министерството за здравство. Но, не значи ако така е напишано дека е така, секоја чест на докторите за успешната операција, бидејќи операција е операција, ама дека ова е прв пат во Македонија, како што се лиферува, како информација не е точно. Некој од министерството за здравство намерно или нерасполагајќи со доволно информации ја пишал вака веста.

За сите оние што не знаат првото механичко срце или срцев имплант, го имаат пред повеќе од 7 месеци направено кардиохируршкиот тим на „Аџибадем Систина“, за само пред неколку месеци или во Август ако се навратиме да видиме дека вториот пациент од оваа здравствена институција, Горан Спиров од Штип си отиде дома и операцијата беше успешна – коментираат по социјалните мрежи.

Не велиме дека не е успех за државната кардиохирургија направената операција, ама пофалбите и фалењето од страна на министерството и величењето дека тоа се случило само во оваа институција и на ниедно друго место во Македонија, само покажува знаци на слабост и немање адути на министерот со кои би фрлила малку позитивна слика или би се направила малку позитивна престава за тоа што се случува во здравството во Македонија.

Со сите афери, тендери и договори во четири очи, подадени, наместени и препакувани лекови, нечист клинички, бегање доктори, лажење и манипулирање на персоналот, продавање на клиниките на приватни сопственици, под изговор јавно приватно партнерство, немање квоти, немање интерес за македонските пациенти едноставно се нема што да се каже дека е позитивно, во тој случај како и секој човек на планетата земја кога е во очај се прибегнува кон очајни мерки, лажење и манипулација.

Само една работа се заборава кај оваа власт и кај овој министер, народот гледа се, прати се и памти се, така да коментарите по социјалните мрежи се само силен потсетник за тоа што се и кои се вашите пропусти.