Во периодот од 26 ноември до 2 декември во Република Македонија се регистрирани околу 90 заболени од грип, што е зголемување за 21,6% споредено со предминатата недела, тоа се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Најголем број заболени, 63 се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 12,1 на 100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст до четири години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 16 извештајни единици, а во три извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени, 18, се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица, додека највисока инциденца од 62,5 на 100.000 жители е регистрирана на територија на Подрачната единица Македонски Брод.