Вчера Венко Филипче гостуваше на една емисија, по скопските медиуми, каде што беше повикан да ги образложи ставовите зошто детската кардиохирургија сака да ја премести и по револтот на граѓаните.

Имено тој започна со говорот дека пред неколку години сме имале ситуација кога сите деца кои што имаа кардиохирушки проблем без разлика дали беа вродени или пак некои достигнати проблеми на срцето се испраќаа во странство. Кај нас немало тренирани детски кардиохирурзи кои што ќе можеа да преземат дел од одговорноста. И да бидат носители на таа паталогија со цел децата да се лечат во нашата земја. Но со проектот започна со една екипа од САД во која што еден наш детски кардиохирург доктор Чадиковски Владимир презема обврска и голем ентузијазам и енергија влезе во овој проект. Се организираше еден систем на едукација на цела наша екипа која што тогаш беше вработена и се уште е вработена на детската кардиохирургија, се едуцира благодарение на тие странски експерти. Кои што во неколку турноси најпрво неколку пати во годината, а после тоа почесто доаѓаа кај нас ги селектираа и дијагностицираа децата, вршеа оперативни интервенции и потоа постоперативно ги третираа во еден продолжен тек на лекување и сето тоа на Клиниката за детска хирургија.

На прашањето на водителката ако се развила детската кардиохирургија и од 2013 до 2017 имало околу 270 зафати, зошто тогаш не продолжи на државно ниво.

Филипче на ова одговори дека местото на детската кардиохирургија не и беше место таму. Бидејќи тоа е институција која е наменета за сосема друга намена, сосема друга паталогија традиционално се лекуваат дечиња кои хируршки патат од скршеници, заболување на стомак или пак од градите итн. А, детската кардиохирургија бара одреден систем. Ги надминува просторните капацитети, ги надминува функционалните капацитети.