Очигледно дека Таравари не знае за што станува збор ниту пак има познавање за таквите модели, заради тоа што кога би имал не би изјавил нешто такво. Не гледам апсолутно никаков проблем или пречка да се имплементира некој таков европски модел. Впрочем многу е грешно кога целата оваа дискусија се сведува на дискусија за буџетите, коментираше Филипче на изјавата на Таравари која беше дадена пред неколку дена за јавното-приватно здравство.

Имено пред неколку дена на прашање за јавното-приватно здравство Таравари изјави  – „Јас во последната година не гледам никаков напредок во јавното здравство. Луѓето бараат убаво и квалитетно јавно здравство. Впрочем ако видите и во бившите југословенски републики, во Србија, во Хрватска, во Словенија, во Босна и Херцеговина, ќе видите дека сите политики на сите влади, зборувам за здравствени политики, се сконцентрирани како да се подобрат условите во јавното здравство. Приватното нека си функционира, меѓутоа јавното да го направиш јавно-приватно партнерство за мене како лекар е скандал.“

Но, по одговорот на Филипче на изјавата на Таравари, се согледува дека Филипче е решен по секоја цена да го имплементира својот проект дури и сослушувајќи ги своите колеги кои некогаш биле министри за здравство.