Планираното покачување на паркинг местото во кампусот клиники „Мајка Тереза“ за 500,00 денари месечно со кое истото ќе изнесува 850,00 денари месечно, најмногу ќе ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто плата изнесува 17,883.00 денари, односно 12,503.00 денари нето плата, реалниот месечен приход со кој располагаат.

На овој начин, оваа социјално најранлива категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски.

Дали надлежните институции кои управуваат со паркингот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје сметаат дека оваа социјално најранлива категорија вработени нема право со возило да оди на своето работно место.

Предложеното покачување на паркинг просторот во кампусот клиники „Мајка Тереза“, Скопје ќе се одрази и во намалување на планираниот процент на покачување на платите за 2019 година и на сите други профили вработени во кампусот клиники „Мајка Тереза“, Скопје.

Од таа причина и за да го покажат своето незадоволство повеќе од 200-тини вработени во клиничкиот центар утре 11.12.2018 година ги повикуваат своите колеги на тивок протест користејќи ја паузата за јадење да го демонстрираат своето незадоволство. Во перидот помеѓу 10 и 10:30 часот на хелиодромот е закажано јавното изразување и децидно неприфаќање на одлуката од град Скопје.

Доколку тоа не успее, следно е блокирање на наплатните места за користење паркинг. За време на паузата овие професионалци во бели мантили ќе покажат дека нема да дозволат министерот да им удира по џебот, градскиот татко Шилегов да ги осакатува, да бидат цедени по џеб и навредувани. – се посочува по социјалните мрежи