Огромен дел од вработените во Клиничкиот Центар во Скопје денес излегоа на протест по одлуката на градоначалникот Петре Шилегов, за зголемување на цените за паркирање на Клиничкиот центар, како мерка за спречување на загадувањето.

Вработените најавија дека нема да отстапат од нивните барања, и ќе продолжат со протест се додека не биде повлечена оваа контроверзна одлука на Шилегов.

Вработените од Клинички велат дека паркингот на Клинички центар е сопственост на Македонија, а не на градски паркинзи Скопје. И најавија дека следниот чекор за нивниот револт ќе го изнесуваат пред наплатен центар. Од 10 до 10-30 ќе ја блокираат наплатата за излез од Клинички центар.