Денес среда, 12-ти Декември, требаше да се продолжи со протестот за време на паузата за доручек во периодот од 10 до 10:30 часот на истата локација од вчера, на таканаречениот хелиодром на Клинички!

Бидејќи Министерот вчера ги замолил вработените за трпение околу блокадите на наплатните пунктови, со причина дека денес ќе имал разговор со Градоначалникот на Скопје, денешниот протест е делумно одложен .

Вработените посочуваат „Ние будно ќе го пратиме најавениот разговор, но мораме повторно да сме на истото место и тоа во уште поголем број!“

– На Министерот му најавивме дека УШТЕ еден ден ќе бидеме фини и ќе се воздржиме од блокади, но доколку не се исполнат нашите барања, тогаш ЌЕ ГИ БЛОКИРАМЕ наплатните пунктови и излезите од Клинички, а спремни сме да го блокираме и влезот во Министерството за здравство! – тоа беа дел од реакциите на кои наидовме по социјалните мрежи од страна на вработените во клиничкиот центар.

Сега за сега нема информации што ќе се случи во текот на денешниот ден, но доколку ништо не испадне како позитивен резултат од разговорот на министерот со градоначалникот вработените секако ќе продолжат со својот протест утре.