Ќе го вратам „мерцедесот“ и со тие пари ќе се набават амбулантни возила за клиниките во Македонија, изјавуваше Заев во екот на локалните избори. Време помина, а „мерцедесот“ не се продаде, премиерот се вози со него додека животите граѓаните висат на конец дали амбулантно возило ќе дојде на време.

Ова ветување се заборави па затоа вчера министерот при гостување во еден магазин се пофали дека направиле набавка на нови возила за Итна медицинска помош која била една отворена и транспарентна постапка во која што заштедиле дури 40% од Буџетот. Тие возила ќе стигнат до 12 и дури очекувале и донација од Чешката Република. Која што ја договорил во посета. Околу 6 до 7 возила ќе оделе во Здравствениот дом во Скопје со што капацитетот ќе се дуплирал. А, сега моментално Брзата помош имала само 6 возила.

Зошто толку малку само возила, граѓаните се прашуваат. Иако се знае дека до пред година дена, година и пол во службата за Итна помош имаше единаесет возила. Сега тој број е преполовен или функционираат само 5 до 6 возила. Ова најмногу го чувствуваат граѓаните кои имаат дома лица на кои им е потребна итна помош во домашни услови. Пред околу една година во службата за Итна помош се користеа 11 возила. И тоа во Карпош имаше три екипи, во Јане Сандански имаше две екипи, Чаир исто работеа две екипи, во Ченто имаше една екипа, во Ѓорче Петров, Драчево, Петровец имаше по една екипа. Во тој период сите беа функционални, но сега повеќето од нив воопшто не се во возна состојба, тоа го потврдија упатените кои додадоа дека по потреба во Карпош имало плус по една до две екипи.

Филипче не запира со своите лаги, и наместо да даде објаснување на граѓаните за возилата, тој вчера посочи дека ќе се примат, односно веќе се бара согласност финансиска за прием на доктори и сестри кои што ќе работат во таа Итна медицинска помош. Во службата за брза помош на почеток 40 луѓе, а негде во средина на следната година ќе достигнеме до бројката 100. Значи 60 дополнително.

И ова останува знак прашалник. Бидејќи Филипче не направи ништо добро за здравствениот систем. Ниту зголеми плати, ниту реновира нешто. Туку само ја обвинува претходната власт и приватизира се што можеше. Едноставно тој го урниса здравствениот систем кој веќе стои на стаклени нозе.