Во општина Чучер – Сандево во рамките на основното училиште „Александар Урдаревски“ по посета денес на училиштето проструи информација дека во секое одделение недостасуваат неколку ученици и дека поврзаноста на истите е дека „фатиле“сипаници и дека тоа е главната причина поради нивната неприсутност. И покрај тоа што ЦЈЗ посочува дека нема нови случаеви на морбили, наставниците и сокласниците не го потврдуваат тоа?

Од вчера попладне, Центарот за јавно здравје во Скопје почна да ги проверува картичките за вакцинација, прво во регионот на скопско Радишани, каде беа регистрирани шест случаи на сипаници, а контролата беше проширена и во општините Карпош, Сарај и Ѓорче Петров. При контрола, забележан е значителен број на невакцинирани деца.

Најалармантно е во Карпош каде над 40% од децата од 0-6 години не се вакцинирани. Речиси ист процент се појавува и во Радишани, додека во општината Сарај 13% од децата немаат примено вакцина против сипаници. Од Институтот за јавно здравје велат дека не очекуваат зголемување на бројот на инфицирани.

Дали тоа ќе биде навистина така и дали министерот Филипче ќе се потпира само на податоците за невакцинирани деца, останува да дознаеме! Иако министерот има потреба и обврска, должност да објасни што е превземено за да не се прошират морбилите кај нас? И сега откако се прошириле кој е виновен за тоа и што се превзема понатаму да се санираат последиците?