По објавувањето на информацијата дека се случува со денови да нема топла вода на Неврологија на Клиничкиот Центар, министерството за здравство упорно молчи. Зошто министерството за здравство молчи за ваков сериозен проблем кога пациентите се приморани да се капат со грч ладна вода, и немаат соодветни услови за лекување.

Освен на Неврологија овој проблем со топла вода се случува и по други одделенија на Клинички центар. Топла вода нема, лекови нема, средства за хигиена нема, нови постелнини освен од донација онака не се инвестира во тоа, а да не се зборува пак за медицински апарати.

Наместо да се лечат граѓаните, во нашите здравствени установи тие можат само повеќе да се разболат поради нечовечките услови кои владеат таму. Министерот Филипче треба да се освести од длабокиот зимски сон и да започне да го модернизира здравствениот систем, бидејќи граѓаните на оваа држава месечно плаќаат за да имаат соодветна здравствена услуга.