По денешната вест „Филипче се фали со туѓи перја, а нема мрднато со прст за здравство“, можеби министерот реши да се разбуди од едногодишниот сон.

Имено денеска по министерување една година реши да промовира проект, три ноќни педијатриски пунктови, кои почнуваат со работа на 1 јануари 2019 година. Според промоцијата на Филипче овие пунктови во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“ и „Бит пазар“, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30, вклучувајќи и лаборатории за испитување на крв и урина кои ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела, овие пункотови ќе работат 24 часа, а лабораторијата од 8:00 до 23:30 часот. Целта на отворањето на овие педијатриски пунктови е родителите побргу и полесно да стигнат до медицинска помош за своите деца кога се болни. Со отворањето на пунктовите ќе ги се приближат лекарските служби до пациентите кои живеат далеку од Клиничкиот центар.

А, колку овој проект ќе биде функционален и достапен до граѓаните останува голем знак прашалник, бидејќи се што ќе промовираше Филипче имаше секогаш матна позадина. Оставаме на време граѓаните да увидат дали ова вреди, или само пак се фрлаат пари во ветер, народно кажано.