По најавата од министерот за здравство Венко Филипче дека платите на лекарите ќе се покачат за 10 проценти, дел од нив реагираа барајќи ги ветените 100 илјади денари. Вработените на Клинички започнаа штрајк за покачената цена на паркингот, а прерасна во незадоволство од платите.

На објавата на Филипче за покачувањето на платите и Лекарската комора беше незадоволна бидејќи стануваше збор само 5 проценти. Извршниот одбор на Комората реагираше бидејќи со синдикатите договориле до крајот на годината зголемувањето на платите да биде 15 отсто.

По лавина реакции на ФБ фан страната на Филипче каде тој се промовира сам себеси, се појави пост каде што Билјана Трифуновска, докторка специјалист по уво, нос и грло, и веќе седум години е вработена во Поликлиниката „Бит Пазар“ вели дека е задоволна од покачувањето на платата од 5 отсто, а го очекува и јануарското покачување од 10 отсто.

Сега е моментот кога граѓаните го поставуваат прашањето на Филипче кој овде лаже. Дали докторите кои секојдневно се жалат за малите плати и си заминуваат од земјата или пак одредени доктори кои се рекламираат и ги промовираат проектите на самиот министер?