Дали треба децата да се вакцинираат или не, дали децата невакцинирани треба да се запишуваат во градинка или на училиште, низа прашања, а одговор тешко. Можеби министерството за здравство се труди да одговори на овие прашања, но граѓаните добиваат повеќе збунувачки одговори отколку конкретни. Тоа доаѓа дури до фаза граѓаните да не знаат што е добро за нивните деца. Ова се појави како проблем откако пред неколку дена односно на 19 декемврикога беше прогласена епидемијата на морбили во Радишани по појавата на пет заразени дечиња од градинката „Ташко Караџа“. Од мали сипаници заболел и еден возрасен кој бил во роднински врски со едно од децата. При што најавија дури дека јавната установа ќе биде под клуч 15 дена. При самото прогласување на епидемијата министерот Венко Филипче потенцираше дека ова е последица од неколкугодишните антивакцинални кампањи поради со кои и дошло до опаѓање на колективниот имунитет. Дури повторно најави преговори за промена на законот, за да нема упис во градинка и училиште без примени вакцини.

Но по два-три дена се појави нов случај каде што уште едно дете се појави заболено од морбили. При појавувањето на овој случај министерството за здравство излезе со франтпантна информација дека во Скопје има невакцинирани 15.000 деца на возраст до 14 години.

Во Скопје има 15.000 невакцинирани деца на возраст до 14 години, од министерството за здравство упатуваат апел до родителите навреме да ги заштитат своите деца. Ова следува откако беше прогласена епидемија на мали сипаници во населба Радишани, општина Бутел и согласно со одлуката на Националната комисија за заразни болести при Министерството за здравство, епидемиолошките екипи од Центар за јавно здравје–Скопје во соработка со вакциналните пунктови при здравствените домови, во периодот од 21 до 24 декември се извршила контрола на моменталната состојба со вакцинацијата со МРП-вакцина на деца на возраст од 12 месеци до 14 години на подрачје на Скопје, информираа од Министерството за здравство.

По оваа информација министерот излезе со изјава дека дури 50% од децата родени во 2017 година не се вакцинирани со МРП вакцината. Процентот на невакцинирани деца понатаму опаѓа и во 2016 година изнесува 30%. Но, тоа е сериозно висок процент невакцинирани деца.

Лекарите велат категорично и енергично ќе стоиме на ставот дека децата во градинка и во училиште треба да се примаат само вакцинирани, бидејќи никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца и да влијае на сите фактори кои влијаат на јавното здравје, заради тоа што децата се нашата иднина, а ние сакаме здрави деца.

Здравствените власти наместо да помогнат да одговорат на прашањата на загрижените родители тие се повеќе ги збунуваат. Треба да се вакцинираат, или пак не треба бидејќи не се квалитетни. Се јавува уште една дилема дали потврда треба дека ти е вакцинирано детето за да оди на градинка или училиште. Дали така се нарушува правото на родителите тие да одлучуваат за здравјето на своите деца. Проблем или не? Страв од неквалитетни вакцини, кој гарантира дека се соодветни и нема да го нарушат здравјето на детето? Прашања до здравствените власти кои треба да излезат и да одговорат, бидејќи овој проблем прераснува во поголеми размери.