Се случува колапс во здравствениот систем, имено медицинскиот кадар низ цела држава се сели од јавно здравство во приватно. Овој проблем се рашири низ сите градови во Република Македонија каде што има приватни установи. Според наши сознанија се повеќе се празни јавното здравство и останува без медицински кадар, и сето тоа поради малите плати, и поради недостаток на услови кои им се потребни за да ја вршат својата работа.
Големите приватни болници од Скопје кои имаат свои поддружници во дел од поголемите градови низ државата кадарот го селат таму. Упатените за оваа проблематика или колапс што се случува во самиот здравствен систем велат дека никој од самото јавно здравство не се обидува да ги задржи вработените, туку така ги пушта да си заминуваат. А, кога установите ќе бидат со дефицит на кадар, тогаш се праќаат од други институции. Најрелевантен пример за ова е кога кадар од „8-ми Септември“ се праќаше во јавната установа во Струмица. Дури и здравствени работници од Кавадарци се препраќаа по јавните установи во Струмица и Гевгелија. Во овие два града се повеќе има и лекари од Штип кои доаѓаат. За оваа преселба на кадри од една институција во друга се има договор меѓу здравствените установи, а на здравствените лица им се доплаќа паричен придонес од околу 200 евра.
Сето ова е доказ плус за идејата на министерот за здравство Венко Филипче кој работи на јакнење на приватното, а не на јавбото здравство. Пример за ова е и самата детска кардиохирургија која ја префрли во „Жан Митрев Клиника“. И покрај критиките на самите граѓани и пишување на писма против оваа одлука, министерот нивниот глас не го послуша и продолжи со проектот. Иако беше опоменуван дека во „Жан Митрев Клиника“ нема соодветен кадар кој би се грижел за болните дечиња.
Но, министерот тука не запира дури и најави префрлување на трансплатација во приватно здравство. Од овој план на Филипче постои голем ризик доколку оваа метода се префрли во приватните болници да дојде до појава на криминализација на постапката и постои голем ризик Македонија да биде ставена во групата на земји каде што се врши продажба на органи. Оваа метода треба да се развива под контрола на сериозни институции како национален координатор и заменик национален координатор, кои што треба да бидат целосно во тек за спроведување на овие процедури.
Додека Филипче работи на јакнење на приватното здравство, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше повик тој да остане во јавно здравство откако ќе му заврши функцијата. Претходно акцентот беше ставен на јавните здравствени установи.
Дури да се потсетиме самите дека тогаш имаше проект преземање на специјалисти од ПЗУ во ЈЗУ. Каде што за првпат имаше процес на враќање на специјалисти од ПЗУ во ЈЗУ. Тогаш беа преземени околу 200 специјалисти во ЈЗУ, отворени поголем број нови кабинети и воведено двосменско работење во ЈЗУ. Главната придобивка беше тоа што станува збор за обучен кадар, специјалисти кои веднаш се вклучуваат во процесот на третирање на пациентите во соодветната здравствената установа, а истовремено го пренесуваат претходно стекнатото знаење.
Сега останува се во рацете на министерството на Филипче. Дали ќе се заложи да се запре овој колапс кој што се случува во јавното здравство, или пак приоритет ќе му е преку уништување на јавното здравство да зеде што повеќе пари. И при што јавното здравство ќе биде уништено, а лекарите дел од нив ќе заминат во приватното здравство, а дел за жал во странство. А, товарот од овој проблем сепак ќе заврши на грбот на самите граѓани.