Докторите и медицинскиот персонал по здравствените домови ширум главниот град покрај тоа што се принудени да дежураат за време на празниците или за време на викендот, и покрај тоа што тие денови не им се сметаат во платата која ја добиваат, истите работат и пружаат здравствени услуги на сите пациенти кои ќе се обратат за помош, во неверојатно ужасни услови. Започната градба, недоправена, се гледа градежен матријал, неискречено, нехигиенски услови, недовршени цели линии и ѕидови во целата амбуланта и дежурна служба.

Но, тоа само навидум изгледа дека е средено и дека се средува, кога ќе се влезе внатре во ординацијата ќе ве пречекаат истите плочки од пред 40 години поставени, истите кревети и бироа, персоналот истрошен, на моменти и дел од нив повеќе и не внимаваат на начинот на кој се облечени на работното место. Наместо мантилот да биде бел, испран и испеглан, блузите или пантолоните да бидат соодветни да личат, тука тоа личи како да е сцена од хорор филм блузите искинати, дотрајани, со дупки, мантилот од флеки е кремав и се повеќе личи како да влегувате во кланица а не во медицинска ординација.

Ако погледнете од другата страна ќе го видите оскудното поседување на ампули, лекови, шприцеви, игли и што и да им е потребно на докторите и медицинскиот персонал кога дежураат. Веднаш до креветот се наоѓаат и двете канти за отпадоци но, и таа со медицински отпад, која треба да се ракува на посебен начин и соодветно да биде собрана спакувана и оставена да се дислоцира од објектот. Но, тоа тука не важи, се е на едно место.

Ова ли се условите кои ги подобривте г-не министре? Дали вака планира министерот Филипче да ги презентира „добрите“ работи и „подобрувања“ во здравството кои ги направил да ги покаже? На овој начин и со кој персонал се прашува јавноста, се пишува по социјалните мрежи, вака ли ќе се отворат подрачните центри за преглед на дечиња, после работното време, кога ќе бидат болни? Каде се потребните простории, дали се обезбедени? Кој е персоналот кој ќе ги опслужува?  Или ќе се продолжи со искинати и флекави мантили, неодговорен персонал, персонал кој спие за време на дежурство, персонал кој го немаме повеќе?

Каде е министерот да ги образложи сите овие работи, да одговори на сите овие прашања, не само да се слика по клиники, да дели пакетчиња и да добива поени на име на Нова Година. Поени се добиваат на име на сработено, што сработивте, што направивте г-не Венко Филипче изминатава година и деновиве со што ќе се пофалите? Кои се вашите успеси, освен наместените тендери? Кога ќе добијат македонските пациенти одговори на прашањата кои ги поставуваат? Имате ли храброст да одговорите и дали ги имате одговорите?