Откако завчера министерот за здравство Филипче прогласи епидемија од морбили, имено даде насока и замоли да не се примаат децата во градинки кои не се вакцинирани. На прес конференција имено се произнесе и податокот дека само во Град Скопје има околу 15.000 невакцинирани деца под 14 годишна возраст.

Зошто драстично опаѓа бројката на вакцинирани деца, а се зголемува бројката на невакцинирани деца? Прашање на кое можат само надлежните да дадат одговор. Надлежните ниту даваат доволно информации зошто е потребна самата вакцинација на децата, немање доволно едукативни центри кои што ќе одговорат на сите недоумници околу самата постапка вакцина. Децата според законот во Република Македонија треба задолжително да се вакцинираат, доколку не се вакцинираат родителите се должни да платат драстично голема казна која се движи од 350 до неверојатни 650 евра.

За потребата на самата вакцинација говорат и реномираните доктори од Детската Клиника. Една од докторите од оваа клиника преку социјалните мрежи посочува дека со самото вакцинирање на децата се искоренуваат болестите кои биле актуелни во 18-19 век.  Смешно е да се вратат искоренети болести, кои кај одредени деца посебно кај доенчињата, возрасни со  специфична болест или пак кај трудниците што може да биде доста фатално за нив и за самиот плод.  Поради недоволен проток на информации родителите децата ги изложуваат на искоренети болести, а единствен лек е вакцинација.

Имено да се потсетиме дека самиот процес на вакцинација беше злоупотребен во политичка кампања за референдумот. Кај што самиот министер посочи дека треба да се гласа „ЗА“ ЕУ за да имаме поквалитетни вакцини. Со што повеќе родителите се побунија дури и се запрашаа дали вакцините што ги примаат децата не се квалитетни и добри за здравјето на нивните деца. По низа реакции и недоумници на родителите Филипче се произнесе дека и во Македонија се квалитетни но ако влеземе во ЕУ ќе имаме помодерни.

Дел од самата вина за невакцинација на децата е и злоупотребувањето на вакцинацијата за политички поени, со што родителите имаат недоумници дали детето да го вакцинираат, и поради стравот многу од нив се одлучуваат да не се вакцинираат.