Во неколку градинки во скопската населба Бутел владее хаос. Откако министерот Филипче, најави епидемија завчера, дел од родителите се известени по телефон дел преку социјалните мрежи дека нивните деца нема да бидат примени доколку не се вакцинирани од МРП. Вакцината МРП е вакцина за Мали Сипаници, Рубеола и Заушки, воедно тоа е и вакцината која има појавено најголем број на несакани појави кај децата по примањето на оваа вакцина.

Родителите коментираат на социјалните мрежи како може да се забрани на дечињата да посетуваат настава, да одат во градинка, првично пред се колку случаеви на заболени деца со морбили има за да може да се прогласи епидемија?

Никој од родителите со кои стапивме во контакт не посочи дека нема или дека не сака да го вакцинира детето, сите или поголемиот дел од нив посочија дека немаат доволно информации за оваа вакцина, со кои тие како родители би располагале за да може да бидат безгрижни, при самата вакцинација, дека ги загрижува податокот што министерот за здравство во кампањата за референдумот јавно посочуваше „ако влеземе во ЕУ ќе има подобри вакцини за нашите деца“. Дали тоа значи дека овие вакцини што сега ги примаат децата се со недоволно добар квалитет и ако се со добар квалитет вакцините зошто министерот изнесува такви лаги во јавноста само за добивање политичка предност, референдумска победа и слично и каков е тој министер кога за вакви работи го манипулира населението. Не треба ли Филипче, малку да се засрами како се пробува и на кој начин да го излаже и изманипулира овој македонски народ, македонските родители, македонските пациенти?

Според податоците кои ги побаравме на интернет наидовме на податок дека одредена инфекција или зараза може да се прогласи за епидемија само ако има 15-ет или повеќе заразени лица на 100.000 илјади жители за период од две недели или пократок и тоа да трае две недели или повеќе. Во тој случај се прогласува за епидемија и се донесуваат одредени одлуки согласно новонастанатите здравствени услови и инфекцијата што се шири за да се овозможи нејзино што побрзо сузбивање.

За да може да се прогласи епидемија според овие показатели кај нас во главниот град Скопје, кој што е град кој располага со популација од приближно 550.000 илјади постојани жители потребно би било да има според равенката што следи: (15 х 5) + (15 х 1/2) = 82,5 лица заразени од иста инфекција, зараза или болест и тоа да биде подолго од две недели, а нивното заразување да се случи во период од 2 недели или помалку. Во моментот според ИЈЗ и тоа што го посочи министерот пред прогласување на епидемијата на морбили состојбата е само 19 лица заразени од морбили. Од кои 7-ум се пред десетина дена, во градинката во Радишани, општина Бутел, додека останатите 12 случаеви се од пред некој ден, поточно на 2-ри Јануари 2019-та година, каде се појавиле 6-ст дефинирани и за 6-ст случаеви се очекувало да бидат заболени од Морбили. Како е тоа можно да со само 19 случаеви се прогласи епидемија на ниво на цел град Скопје, кога градот брои повеќе од пола милион жители.

Како некој потоа да не помисли после математиката дека сепак нешто друго е во игра, дека најмалку министерот за здравство Венко Филипче е заинтересиран за здравјето на 15.000-те илјади жители кои не се вакцинирани, односно за 19-те случаеви на морбили кои се дијагностицирани?

Малку повеќе ако се заинтересирате и пребарате по интернет како што сториле некои родители кои сакаа да останат анонимни, а ни пратија допис со калкулации колку чини една вакцина во европските земји поточно во САД, каде што Филипче како министер веќе има невладина и е во одлична комуникација и соработка со фармацевските компании, ќе се изненадите до каков податок дошле.

Според педијатриските центри во САД каде може да се набави една ваква вакцина приватно и да се прими истата за Морбили, Заушки и Рубеола чини 75.04 долари, ако на ова додадеме 15.000 невакцинирани жители на градот Скопје ја добиваме следната математика: 15.000 х 75,04 = 1.125.600 долари. Станува збор за милионска сума во првиот разгледуван случај. Доколку се разгледува според Американското Амино здравствено осигурување една вакцина за МРП чини помеѓу 142 и 433 долари. Ако се земе просек од тоа: (142 + 433) : 2 = 287,5 долари. Следствено на тоа една вакцина според осигурувањето е 287,5 долари тоа помножено по нашите невакцинирани 15.000 граѓани изнесува: 287,5 х 15.000 = 4.312.500 долари. Повторно уште една милионска и поприлично добра сума.

Земајќи во предвид дека министерот ќе се офајди 10-15% многу убаво изгледаат сега од 125.000$ до 431.250$ само за прогласување на епидемија и наводно за водење грижа за населението. Земјаќи во предвид дека немаше ниту доволен број заболени, ниту потреба од прогласување на епидемија, ниту пак причина за да се земе на врат гневот на сите родители кои се почуствуваа условени и стеснети во ќош со ваквиот потег и ваквите донесени забрани и условено вакцинирање, Филипче изгледа сепак имал од 125 до 430 илјади причини за епидемија, само кој да помисли и да знае дека кој каде, кој за што, министерот само врти водата на неговата нива да тече!?!