И покрај тоа што нема нови случаеви на деца или возрасни заразени со морбили во изминативе неколку дена, ниту министерот Филипче ниту министерството не ја прекинуваат епидемијата на морбили, која беше прогласена на 02-ри Јануари, по се изгледа „набавените“ вакцини треба некој да ги прими, па се додека се може да се „турка“ работата, ќе имаме епидемија. Филипче треба да види и да пресече со колкав процент ќе биде задоволен како министер од оваа епидемија и од оваа принудна вакцинација на дечињата со МРП вакцина, па штом се поклопат бројките изгледа ќе ја снема и епидемијата. – коментираат гневно родителите по социјалните мрежи

Битно министерот не ја повлекува изречената наредба за епидемија на морбили, тој вака ќе тера најверојатно до Јули ако децата не се вакцинираат според неговите потреби или според планираниот процент за земање?

Инаку во текот на вчерашниот ден во вкупно три центри за вакцинација на територијата на Град Скопје, беа вакцинирани 23 деца против мали сипаници. Нема информации за нови случаи на заразени, додека осумте хоспитализирани лица се во добра состојба и се очекува наскоро да бидат пуштени дома. Поради празниците, велат од министерството деновиве одѕивот за вакцинација на деца е помал, а веќе од денес се очекува повторно зголемен интерес. Од прогласувањето на епидемијата до сега, за вкупно 6 дена, вакцината МРП ја примиле вкупно 1.102 деца.