Четири години затвор за анестезиолог кој доцнел на породување и пијан дошол на работа. Ослободителна пресуда за другите двајца анестезиолози од салата. Ова е еден од последните случаи кога судот казни лекарска грешка во Македонија. Обвинителство товареше тројцата доктори дека работеле индивидуално, а не како тим и со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката Маја Кадиева од Гевгелија.

Против такво дело во Македонија годишно има над 20 тужби. Голем дел од нив со години се заглавени во судот.

Лекарска грешка или грешна дијагноза е нешто може да се случи секому, но тешко се докажува од правен аспект. За илустрација, во САД степенот на смртност од лекарска грешка е речиси ист како и од сообраќајна несреќа. И кај нас како и секаде во светот – најмногу од тужбите против лекарска грешка се насочени кон гинеколошките клиники. Правно, лекарите не можат да се правдаат со неповолни услови за работа, бидејќи тие прифатиле да работат таму.

Во Македонија прв лекар кој отиде во затвор заради лекарска грешка, казната ја доби во 2010 година, откако случајот повеќе од 7 години беше заглавен во судските лавиринти. Казнет беше докторот Панче Арсов, кој го водел породувањето на почината родилка во Велес.