И покрај тоа што во законот јасно стои дека за да може да се првично прогласи епидемија на морбили или било која друга заразна болест треба да се случи заразување на 15-ет или повеќе лица од ист вирус на 100 илјади жители или на град како Скопје со бројка на жители 550 илјади, потребно би било 75 или повеќе лица за да може да се прогласи Епидемија.

  • Две невакцинирани деца се новите заболени од морбили, а двајца возрасни пак имаат симптоми, но допрва им се прават анализи.Едното дете е на 18 месечна возраст и е од градинката Фидани во Чаир каде веќе имаше случаи на морбили. Второто е од населбата Јане Сандански и има 4 години. И двете деца не се вакцинирани. Две возрасни лица на кои се проверува примерок, а имаат симптоми се на 28-годишна и на 30-годишна возраст. Едното лице нема ревакцинација, додека на другиот сомнителен случај му е непознат вакциналниот статус, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Четири деца денеска се пуштени од болница, а како новите случаи ќе влијаат врз должината на веќе прогласената епидемија допрва ќе се утврдува. Филипче побара да продолжи вакцинацијата, а последните 5 дена од прогласената епидемија се вакцинирани над 1300 деца.

Покрај се денес проструи и информација за Македонија лек како увозник на вакцините за морбили, декларациите кои тие наводно ги згрешиле, технички проблем било сето тоа и така натаму. Како после сето ова некој воопшто да има макар грам доверба во здравствените институции, во изјавите на министерот и тоа што се пласира во јавноста. Од авион се гледа кои ви се намерите г-не Филипче? Имаме поквалитетни вакцини ама ако влеземе во ЕУ ќе бидат подобри и од тие. Има логика ова што го кажувате или изјавите се само да се излезе и да се каже нешто, дали има логика за македонскиот пациент или не тоа воопшто не е битно. – прашуваат загрижени пациенти/родители кои имаат деца кои не се вакцинирани.

Министерот Филипче сам си ги толкува законите и не почитува никакви правила, каде што и самите сме сведоци бидејќи со само 10-ет случаеви на заразени лица прогласи епидемија, дубиозата во која се влегува со денешните изјави од Филипче е дотолку поголема бидејќи за само 4-ри нови случаи после 6 дена од прогласената епидемија без основни услови за прогласување, денес истата е продолжена и понатаму. Најсмешното во целата ситуација е што и покрај реакциите на родителите на социјалните мрежи и покрај тоа што само две дечиња се дополнително заразени со морбили, додека другите два случаи се кај возрасни и сеуште не се потврдени, Филипче продолжува со епидемијата бидејќи скопјани не примиле сите невакцинирани вакцина. Со само 1300 деца вакцинирани деновиве процентот од вакцините ќе биде многу мал.

До кога Филипче ќе си играш со нас? – прашуваат родителите по социјалните мрежи. До кога ќе бидеме третирани ние и нашите дечиња како твои лични заморчиња? Каде е правото на избор на родителот? Каде се правата на децата? Присилни вакцинации и тоталитаризам за остварување на профит е тоа што не очекува г-не Министре? Кажете кои ви се целите и која е вашата крајна цел во целава ситуација бидејќи сигурно не е здравјето на децата?

Епидемија не се прогласува со само 10 случаеви на заразени лица. Епидемија да се прогласи треба да има во рок од две недели или помалку, заразување на 15 или повеќе лица на 100 илјади жители од иста болест и при тоа истата да биде односно да трае повеќе од две недели за да може да се прогласи епидемија. Каде се вашите 75 заразени луѓе во Скопје врз база на кои податоци вие прогласивте епидемија? До кога ќе трае? 4-ри нови случаеви се причина за продолжување на епидемијата?

Во тој случај г-не министре зошто не прогласите и епидемија од грип, во изминативе неколку дена има над 200 лица заболени, бидете првиот министер во свет што ќе прогласи и таква епидемија, кога можете да држите под опсада главен град на држава со епидемија на морбили за 4 нови случаеви што е еднакво на лудост, зошто тогаш не и ова? „Кад је бал, нек је маскенбал“

Социјалните мрежи се запалија после последните коментари и реакции на министерот за здравство. До кога ќе бидеме заложници на Др Менгеле? До кога скопјани ќе бидат третирани како во концентрационен логор? Затоа народот ќе излегува, затоа ќе се бунтува македонскиот пациент, бидејќи ова што го правите за личен профит се граничи со лудост. – се дел од коментарите на родителите по социјалните мрежи