„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести”, напиша Филипче под фотографијата на која држи бебе при вакцинација во поликлиниката „Млин Балкан“.

По оваа објава родителите почнаа бурно да реагираат на социјалните мрежи:

А сестрата да го извадеше капачето од иглата пред да боцка! П. С Лошо го сокрила со прстите!
Со овакви манипулации тешко дека луѓето ќе имаат доверба во здраството

-Аман лудаци па ти си бил министер а таа до тебе доктор која вакцинира дете без ракавици неписмено се до едно

-Ова сигурно не е МРП вакцина, таа се дава на 13 месеци, а не на 4-5 месеци. Кого лажете министре? Толкава прашина се крена за МРП вакцината не за другите вакцини. Не пиеме нафта, а и кој знае што вакцина е ова и дали воопшто ја боцнале.

-Зошто е потребно вакво нешто, и сега треба да верувам дека се е во ред со вакцината, искрено воопшто не ме интересира дали сте ја вакцинирале внуката.

View image on Twitter