Медицинска сестра која работела кај матичен лекар останала технолошки вишок зошто докторот го укинал тоа работно место. Ова е последниот пример за медицински сестри кои работеле кај концесионери во примарното здравство, а завршиле на улица зошто матичните лекари заминувале во пензија или во странство или пак ординацијата од други причини била затворена. Законот кој ги штитеше повеќе не е на сила. Од Унијата на здруженија на медицински сестри бараат државата со закон да го заштити овој обучен здравствен кадар и кога ќе им завршат договорите. Зад ова стојат околу 800 сестри кои се нивни членови, а стотина ќе завршат на улица. Инсистираат да им се овозможи на средно медицинскиот перонал од кај концесионерите да може да се врати во јавното здравство.
-Сестрите не ги заштитува ниту колективниот договор ниту законот за здравствена заштита, изјави Гордана Бешлиовска, координатор на Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари.
-Повеќе од сестрите сакаат да се вратат во ЈЗУ. Лошиот третман од концесионерите е најголемата причина, изјави Снежана Спирова, координатор на медицински сестри кои работат кај концесионери.
Од министерството за здравство на прашањето на Сител одговорија дека е прифатено барањето на медицинските сестри кои работат или работеле во ПЗУ да можат да се вратат во ЈЗУ.
-Законските измени во моментот се во владина процедура, стои во писмениот одговор од МЗ