По обелоденување на страшната сторија за Стојан Павлески, се обрати и неговата сестра Вера Митевска. Истоимената по социјалните мрежи упати писмо до министерот Венко Филипче, која што пишува како ЧОВЕК, жител на држава која претендира да влезе во Европската Унија, според заложбите на Владата.

Митевска го повика Филипче да ја посети Клиниката за Трауматологија, во државната болница и да ги утврди причините за фактот дека таму, веќе четири месеци, секојдневно, дел по дел , се убива човек!

Телото на Павлески, дрско и безобзирно, ПО НАРЕДБА, е оставено само да скапува. Болниот деноноќно го гледа престарената мајка и членови на семејството.

Во самото писмо Митевска наведува – „ Првите три дена на Трауматологија, брат ми беше контактибилен, зборуваше и стануваше, а потоа од лековите стана коматозиран. Четири месеци го држат на некаква инфузија или раствор, кој секојдневно му го убризгуваат во телото. Повремено му даваат и малку антибиотик( така ни велат медицинските лица) и сите заедно кои се „грижат“ за него молчат! Кога има медицинска визита, нас домашните, нѐ бркаат од собата. Сите дијагнози и документи се чуваат под клуч, кај Началникот! Докторот, кој што ја изврши операцијата на носот, предложи пациентот да биде префрлен на друго одделение, но препораката беше неуспешна, заради НАРЕДБИТЕ од неговите претпоставени, Директорот, началникот или кој знае кој, кои имаат за цел , брат ми да биде умрен, свирепо, на тенане.“

По ова писмо граѓаните и семејството на Павлески се надеваат дека министерството за здравство ќе реагира и ќе се излечи самиот човек. Бидејќи хуманоста треба да биде приоритет. Но и да не заборавиме дека самото министерство е должно секогаш да помага за спасување на човечки животи и подобрување на нивното здравје.