По најавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека самото министерство ќе доделува заштитни маски за хронични болни луѓе, граѓаните веднаш се обратија до надлежните за да зедат бидејќи воздухот е енормно загаден. Но граѓаните се затекнаа со негативен одговор. Не можеа да зедат заштитни маски бидејќи по најавата на министерот ги следува.

По револтот на социјалните мрежи денес министерството за здравство излезе со соопштение дека постапката за набавка на заштитни маски за лицата со здравствен ризик е во подготвителна процедура, штом ќе биде завршена набавката, маските ќе бидат поделени на пациентите. Дури наведуваат дека поради законските процедури за набавка на маските се долги, оваа процедура се одвива со мало доцнење. Воедно, информираме дека и за идната година се планирани вакви набавки, во зависност од потребите.

Можеби министерот Венко Филипче треба да се потсети дека загаденоста на воздухот го допре врвот многу одамна, граѓаните алармираат секој ден, и поради сето ова можел процедурата да ја започне порано за да им излезе во пресрет на болните луѓе. Не може вечно Венко да се вади на долги процедури, бидејќи така се докажува дека е неспособен за функцијата што ја врши која му ја имаат доделено самите граѓани.