50-годишна скопјанка која деновиве починала од слепо црево е последната жртва на хаосот во здравството. Таа со болки во адбоменот била примена во Клинички центар каде и била констатирана дијагноза слепо црево. По неколку часовно чекање во ходник за да се ослободи кревет каде ќе биде сместена, скопјанката починала.

Oчевидци сведочат дека скопјанката била примена во свесна и добра здравствена состојба. Но, лошиот однос и негрижата на здравствениот персонал било причина да настанат компликации кои биле причина за смртта.

Од Министерството за здравство не го коментираат последниот случај.