Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во светот. Според листата на „Ер вижуал“, главниот град е на третата позиција а пред нас се само Пекинг и Њу Делхи. Во првите десет градови, покрај Скопје нема друг град од регионот. Утринава поголемо количество на пм10 честички во главниот град се измерени во централно-источниот дел, односно во Кисела вода и Аеродром. Покрај Скопје, загадено е и во Гостивар, Струмица и Тетово.