Од ветените покачувања на платите на здравствените работници се уште нема ништо. Изгледа дека најавеното покачување во здравството со јануарската плата е најверојатно уште една во низа на шарени лаги на Заев и неговата компанија.

Од сигурни извори дознаваме дека се уште нема во самото сметководство насоки како да се спроведе најавеното покачување. А, до 10 февруари платата на здравствените работници треба да биде исплатена на нивните сметки.

Дел од вработените се револтирани дури велат дека министерот, и неговата компанија се преваранти, дека со искажување на лажни ветувања ништо не добиваат, туку повеќе ќе изгубат.