Денеска на утринската програма на МРТ 1 гостуваше г-ѓа. Ленче Нелоска, доктор која воедно ја најави трибината во Ѓорче Петров која ќе се одржи утре на 08.02.2019 во 19:00 часот, во Домот за култура во Ѓорче Петров, на тема „ВАКЦИНИ – заблуди и дилеми“.

Трибината е поттик за сите, за здравствените власти и професионалците да направат се што можат да допрат до граѓаните кои што имаат легитимно право да ги знаат одговорите на нивните прашања.  И не постојат глупави прашања, не постојат неадекватни прашања кога е во прашање здравјето на вашето дете. И секое прашање кое што родителите го поставуваат е легитимно и наша должност е да дадеме најдобар можен одговор на тоа прашање. На тој начин како лекари пред се да придонесеме за општото здравје што е наша прва задача како доктори кога ја даваме Хипократовата заклетва дека секој лекар е одговорен пред се за општото здравје и за здравјето на секој поединец, појасни Нелоска.

Нелоска нагласи дека во нашата земја навистина е неопходно да се одржи трибина каде што ќе се дискутира за потребата на вакцините, бидејќи така ќе им помогнеме на граѓаните во дилемите кои што ги имаат.

Сите ние како здравствени работници, како доктори и медицински сестри, како здравствени власти на сите нивоа сме должни да се вклучиме во решавањето на дилемите и заблудите кои што владеат не само во Македонија туку во светот кога станува збор за вакцините. Тоа беше и мотивот и во улога на претседател на Унија на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров, одговараме на оваа потреба на граѓаните.