Владата предводена од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче наместо како што ветуваа дека ќе дојде живот, носат смрт. Револтот на граѓаните од ден на ден расте.

Филипче и Заев се однесуваат скандалозно, си поигруваат со здравјето на граѓаните.

Епидемијата со морбили излезе од контрола. Во период на епидемија бројката на заболени расте и сега има повеќе од 200 лица со морбили. На праг е епидемија со грип, а нема никакви мерки. Има околу 1.300 лица заболени со грип.