Целокупниот тим на ЈЗУ Општа болница од Велес денеска го одбележа претстојниот празник Денот на здравјето – 7 април.

Во своето обраќање до присутните директорот д-р Митко Стровјанов информира дека СЗО која годинава слави 70 години  а чие годинашно мото е  „Универзална здраствена достапност“ ги повикува лидерите во светот  да се посветат на конкретни чекори на унапредување на здравјето на сите луѓе, односно секој човек да има пристап до квалитетни здраствени услуги, без да се соочи со финансиски потешкотии.

Тој информира дека фрапантно  е што дури 50 отсто од светската популација нема пристапност до здраствените услуги кои и се потребни. За  нив треба да помогнат владите, министерствата за здраство и другите министерства коишто се поврзани со животот на луѓето, здраствените комисии при парламентите и останатите субјекти меѓу кои и медиумите.

Директорот д-р Митко  Стровјанов ги информира присутните дека Општата болница во Велес  долгот  кој бил  милион и 100 илјади евра долг, вратени се околу 250 илјади евра од долгот, а со тоа се создаделе можности за пациентите да бидат достапни лековите, тестовите, потрошниот материјал и апаратурата.

– Намалени и сведени на нула денари се непотребните трошоци, репрезентацијата, а зголемена е контролата на доходовната страна на болницата. Втора работа која ја направивме е сконцентрирањето на сите специјалности во кругот  болницата, а со повлекување на амбулантите од Здравен дом, а со цел пациентите да не лутаат по градот од една до друга амбуланта. Останува уште една амбуланта која, исто така, ќе се префрли во болницата.Воедно направивме достапност на специјалистите најмалку од 14 часа, во текот на денот, а основните специјалилности и 24 часа во текот на еден ден, потенцира д-р Стровјанов.

Воедно информира дека наскоро ќе биде отворен Центар за дијабет, а подостапен на граѓаните ќе им биде и Интернистичкиот ургентен центар, кој со преадаптација во приземјето на болницата  наскоро ќе биде отворен,по смената на водоводната мрежа.

– Во фаза на набавка сме на три нови лифтови, од кои едниот ќе биде панорамски, замена на старата водоводна мрежа, сончеви колектори за топла вода на сите одделенија и преадаптирана соба со повисоки стандарди за родилки за новороденчиња како и апаратура од сите области, а сето тоа во вредност од над 350 илјади евра, од кои што илјади евра очекувам да бидат реализирани преку грантови, за кои аплициравме. Долгорочните планови се уште поамбициозни доколку општествено одговорните фирми  и свесни поединци помогнат, ако се реализираат иницијативите уште од август минатата година на Министерството за здравство кое ни должи 25 милиони денари. Воедно бараме ревизија од Фондот за здраствено осигурување за плаќањето на нашите услуги, што ќе значи поголема достапност на граѓаните за здраствените услуги, а кои гравитираат кон оваа болница. Ако во античко време сите патишта воделе во Рим, во денешницата за жал сите патишта на луѓето дури и пред нивното раѓање водат во болница, потенцира Стровјанов.

Во изјавата за медиумите директорот д-р Стровјанов информира дека и во 2017 имало приближен број здраствени услуги, како и во 2016 година, но констатира дека на задоволство на пациентите имало подобрување на здраствените услуги, поради тоа не добиле ни една претставка од пациентите како што било во претходните години, а се’ било тоа во рамки на зголемената контрола во болницата.

На новинарско прашање во однос на недостатокот на некои лекари специјалисти рече дека како и во останатите болници имаме недостаток на основните специјалности, немаме општи и дигестивни хирурзи и гинеколози.

– Во одделението за гинекологија направивме договор поддржан од Министерството за здраство со ГАК од Скопје, така што освен три наши доаѓаат и три гениколози од ГАК од Скопје. Поради недостатокот на хирурзи јас барам отворен конкурс односно Министерството за здравство да изнајде решенија и да ни помогне и очекуваме одреден број хирурзи од скопската државна болница секоја недела да доаѓаат во нашата и останатите болници во овој регион, информира директорот д-р Стровјанов.