Само мало потсетување за чистиот воздух, борбата за него, дадените ветувања од сегашната власт…ништо од тоа не се исполни!

Граѓаните на Скопје, на Македонија паметат и по социјалните мрежи има секојденвни реакции на оваа тема. Дел од коментарите се дека беше ветено подобар квалитет на воздух, подобри услови за живот, подобра и повисока еколошка свест како и низа на подобрувања во однос на загадувањето, дислокацијата на медицинскиот отпад, филтри по фабриките и што уште не…НО, тоа едноставно не се случи

Не направија ништо за да го намалат загадувањето!

Gepostet von Скопје мора да дише am Freitag, 14. Dezember 2018

На страната на фејсбук, Скопје мора да дише, последната реакција на граѓаните на оваа страна е во вид на видео запис за дадените ветувања и разочарувањето од министрите, замениците, од премиерот, од целокупната власт која дојде ветувајќи подобрувања кои никаде ги нема.

Кога ќе излезат преставниците на власта со образложение за дадените ветувања? Кога ќе дојде контингентот на поквалитетен воздух? Кога?