39-годишен маж од Ресен починал од Сепса после операција на хемороиди во приватна здравствена установа во Скопје. Интервенцијата на пациентот била направена во понеделникот. Вчера во многу лоша состојба бил примен во ГОБ 8 септември, каде неколку часа лекарите се обидувале да му го спасат животот, но поради тешката инфекција во крвта починал попладнето. За случајот од болницата 8 септември го информирале ДСЗИ. Здравствени инспектори испитуваат како пациентот добил Сепса. Како и во какви услови била направена интервенцијата во приватната ординација и дали биле запазени сите медицински протоколи.

-ДСЗИ од утринава е излезен на терен и ја контролираме патеката на лекување на пациентот, од ГОБ 8 септември, ПЗУ ординација за општа хирургија, ако има потреба и документацијата од матичниот лекар, изјави  д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

По барање на семејството нема да се прави обдукција врз телото на починатиот.

Во меѓувреме јавноста сеуште го чека исходот од стручните комисии дали има медицински пропуст во третманот на 61 годишната скопјанка која пред 1 месец починала на КАРИЛ како и дали на 34 годишниот битолчанец му била дадена соодветна терапија бидејќи починал еден ден по отпуштањето од болница каде му била направена операција за скршеница на ногата.