Филипче нема реформи во неговата програма, тој би сакал ако може сите државни клиники да ги приватизира

Вчера министерот за здравство, Венко Филипче гостувајќи во една телевизиска емисија се обидуваше да објасни зошто не се инвестира во болниците, при што посочи дека најмалку што треба е да…

Вчера министерот за здравство, Венко Филипче гостувајќи во една телевизиска емисија се обидуваше да објасни зошто не се инвестира во болниците, при што посочи дека најмалку што треба е да се инвестира доколку нема потреба со оглед на искористеност на капацитетите. Односно кратко кажано според Филипче не треба да се инвестира во цигли и во згради.

Новинарот го запраша Филипче во Штип има бања „Кежовица“ која што е со термални води и зошто ја остава да скапува.

На ова Филипче посочи дека искрено се надева во тоа што верува ќе го направи во следниот период. Ќе направи да веруваат луѓето дека биле во право со здравствените политики.

„И бањите можат да бидат дел од приватно јавно партнерство. Можеме да направиме и планираме да направиме физибилити студија што би значело да влезе приватен партнер во сите бањи или објекти, или институции за физикална терапија во нашата земја. Значи го има објектот во Козле, во Скопје, ја имаме таа бања „Кежовица“, имаме центар за кардиолошка рехабилитација, имаме центар за рехабилитација во Охрид, таму има базен и итн. Зошто да не пробаме со физибилити студија да во сите овие институции вложи приватен партнер“ – посочи Филипче.

Јавноста на ова поставува прашање, каде тогаш државно ќе се лечат граѓаните кои имаат просечни примања или немаат изобилие на финансии да си дозволат приватно лекување? – граѓаните со коментари по социјалните мрежи го повикуваат министерот да даде одговор на ова прашање.


Related Articles