Копривата е билка која е богата со витамини, минерали и лековити материи. Листот од коприва ефикасно ги олеснува ревматските тегоби, а исто така е и одличен диуретик.

Лабораториските испитувања кои биле спроведени во Германија во 1999 година покажале дека листовите од коприва имаат моќен антивоспалителен ефект. Копривата делува против дијареја и помага во лекување на хемороиди.

Чајот се користи за испирање на уринарните патишта и за спречување на создавање на песок во бубрезите. Копривата го намалува и нивото на шеќер во крвта па затоа се користи и во бројни мешавини на чаеви против дијабетес.

Чајот од коприва е одлично средство за зајакнување на организмот бидејќи го поттикнува апетитот, го снабдува телото со железо и успешно делува против уморот. Во надворешната употреба, копривата се користи за лекување на многу кожни проблеми како акни, егзема, масна кожа и првут.