Од денес попладне, почнувајќи од запад и север облачноста ќе се зголемува и во текот на вечерта,
преку ноќта, како и во вторник до средината на денот ќе преовладува облачно време со
врнежи од дожд, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

На планините и на некои повисоки места особено на запад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.

Од среда времето ќе биде променливо облачно со благ пораст на температурата, а во четврток со услови за слаби локални врнежи.