Денес ширум целиот свет се обележува денот на бубрегот, каде се обрнува внимание на болестите кој го напаѓаат овој орган, нивната превенција, свесност за болестите и начинот на кои треба бубрегот да биде третиран за подолго да биде заштитен од било каква болест.

Во моментот 850 милиони луѓе ширум светот се проценува дека имаат болести на бубрезите од различни причини.  Од Хронична Бубрежна Болест (ХББ) во моментот има најмалку 2.4 милиони починати лица според проценките и воедно со тие податоци ХББ се рангира на местото број 6 на најголемите причинители за смртност во светот.

Но и покрај зголемената раширеност на болестите на бубрезите во светски рамки, сеуште постојат организации кои се грижат и ги шират начинити на кои може да се сочува здравјето на бубрезите и нивната виталност.

Најголемиот проблем за ХББ се социјалните услови во кои луѓето се родени, растат, живеат, работат како и возраста, вклучувајќи го тука и факторот на сиромаштија, полот, недостаток на знаење, професионални ризици како и загадувања од различни извори.

Оваа година организацијата за светскиот ден на бубрегот, се заложува за кревање на свесноста за високиот ризик и товар кој што го носи болеста кај бубрезите во светски рамки како и потребата за стратегија за превенција на болестите кај бубрезите и нивно менаџирање.

Крајната цел на оваа организација е да се промовира јавно здравство со обезбедување на константен и основен пакет на здравствена заштита со висок квалитет со цел да ги заштити луѓето од здравствена голгота и несоодветна здравствена услуга кога станува збор за здравјето на бубрезите и нивната виталност.