Сипаниците и натаму активни во нашата земја. Оваа недела е забележан голем број на случаи заболени од оваа епидемија. Податоците од Институтот за јавно здравје велат дека минатата недела се регистрирани 104 нови случаи.

Од институтот за јавно здравје известуваат дека сезоната на сипаниците и грипот ќе трае уштe неколку недели. Од грипот починати се 22 лица, според лекарите агресивноста на грипот е последица на порастот на сериозни акутни респираторни блести.

До сега се вакцинирани 17 илјади лица до 14 годишна возраст. Од Центарот за јавно здравје апелираат сериозно да се сфати грипот, бидејќи, како што велат, можни се смртни последици. Тие апелираат да се вакцинираат сите деца до 5 годишна возраст кога имаат најслаб имунитет, но и возрасните кои не ја примиле вакцината МРП. Епидемија на сипаници е прогласена во регионот на Скопје, Тетово и Гевгелија.