Во нашата редакција во текот на вчерашниот ден се јавија неколку мајки кои посочија дека во изминатиов период биле на боледување и не биле во можност да се појават на работа бидејќи морале да се грижат за нивното болно дете кое е помало од 3 години. Во тој случај според законот за работни односи, надоместокот за тој месец го покрива фондот за социјално осигуривање во висина од 70% од нивната нето плата.

Мајките кои не контактираа иако уредно ги доставиле документите од нивните компании во Фондот, иако се платени придонесите од нивните компании за изминатиот месец тие надоместок во висина од 70% од нивната плата колку што следува според закон сеуште го немаат добиено. Истиот не им е исплатен за месец Февруари.

Се обративме до Фондот за Социјално осигурување и од таму добивме информација после проверка во системот дека за сите корисници кои доставиле уредно документација на почетокот од месецот документите се обработени и средствата се веќе префрлени. Со тоа што Фондот средствата ги префрла во Трезорот на НБРМ и дека средствата се таму. Зошто никој од корисниците сеуште ги нема добиено неможеа да ни дадат одговор. Посочија да побараме одговор во трезорот на НБРМ

Неофицијално ни беше посочено дека ако имаат соодветните лица кои користат надоместок или социјална помош некој близок во трезорот на НБРМ средствата без проблем ќе им бидат префрлени.

Ние од редакцијата неколку пати во текот на изминатиот ден пробавме да исконтактираме со некој од трезорот на НБРМ да ни објасни зошто сеуште не се префрлени срествата за мајките кои биле на боледување и дали не се префрлени средства само на нив или тука се опфатени и сите мајки на породилно, сите родители кои чекаат средства за мобилност за нивните блиски, социјалните случаеви, ранливите категории, надоместокот за трето дете како и сите други ненаброени категории на лица кои ги чекаат овие средства од социјалното од каде што веќе истите се префрлени кон трезорот на НБРМ.

Дали тоа значи дека сите овие ранливи категории на граѓани немаат добиено надоместок и нема да го добијат, нема да им купат на своите дечиња основни намирници за нормално функционирање овој месец, дека нема овој месец да ги покријат давачките и трошоците на нивните домаќинства за да може власта и владата на СДСМ со истите тие пари да ги протера изборите додека при тоа напоредно се полнат владините џебови по разно разни основи и тие средства не се трошат за тие цели. Додека пак од друга страна децата на тие кои се во власта даможат и да имаат финансии и за одмори и за луксузирања и за повеќе од еден нормален живот.

Каде е за ова министерката Царовска да се појави, да праша во влада и во трезорот на НБРМ што се случува и да даде објаснување пред народот на кој и врз кој се практицира оваа сурова власт и нечовечко владеење, каде се народните пари? Каде се социјалните пари? Каде се средствата за преживување на фамилиите на социјалните случаеви, на болните, на мајките кои користат породилно отсуство или се отсутни поради болест на нивното дете? Каде се власта и одговорните да дадат одговор на овие прашања, не само да се посочуваат како власт, а од работење со и за народот немаат ни прво одделение поминато!!! – коментираат мајките со кои разговаравме