Денеска претседателот на Мaкедонското лекарско друштво Горан Димитров, истакна на Свечениот собир во пресрет на 7 Април – Светски ден на здравјето. МЛД постои 74 години и ќе продолжи да постои и понатаму. Годинава мoтото на Светскиот ден на здравјето е „Здравје за сите, здравје насекаде“.

На собирот се обрати и министерот за здравство Венко Филипче, кој ја потенцира посветеноста на Владата и на Министерството за здравство во унапредувањето на јавното здравје. Тој се осврна на реализираните проекти во здравството и нагласи дека еден од главните приоритети е осовременување на календарот на имунизација.

– Ќе воведеме нови две вакцини, од рота вирис и пнеумокок. Ќе формираме национално координативно тело кое ќе го контролира процесот на имунизација, од внесот на вакцините кај нас до крајниот корисник. Првпат направивме попис на расположливите вакцини во сите здравствени институции кај нас – рече Филипче.

Тој додаде дека од крајот на месецов почнуваат со интензивни кампањи за подигање на свеста на населението и здравствените работници за важноста од вакцинацијата.

На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето присуствуваа заменик-мининстерот за здравство Гоце Чакаровски, претставници од МАНУ, декани на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип, директори на приватни и јавни здравствени установи…