Во текот на изминатиот ден кандидатот за претседател на Р. Македонија, од редовите на СДСМ, г-нот Пендаровски доби неверојатна шлаканица од еден од присутните подржувачи при неговата дебата, собирање или како и да е насловена дружбата на граѓани кои го подржуваат кандидатот на СДСМ.

Шлаканицата му ја упати еден повозрасен господин, на адреса на Венко Филипче, актуелниот министер за здравство. Г-нот од собирањето на Стево Пендаровски му посочи дека доколку дојде и седне на претседателското столче прво што би требало да направи е да се ослободи од некадарот, неспособните и дека треба да се направат радикални промени во здравството. Г-нот посочи дека министерот за здравство, г-нот Венко Филипче треба да се смени под итно а дури Пендаровски кога ќе застане на претседателското столче да превземи и порадикални чекори.

Гласот на народот потешко допира до оваа ненародна власт на чело со СДСМ, се надеваме дека гласот на обичниот граѓанин од нивните собири, од редовите на симпатизери или членови на СДСМ ќе допре до нивните челници и не само во здравството туку македонскиот народ/пациент/граѓанин ќе може да види промени и во економијата и во образованието и во сите сегменти каде е потребно, како и тоа дека промените ќе бидат на подобро, никако на полошо.

Народот порачува и бара министерот за здравство да си поднесе оставка. ФИЛИПЧЕ ОСТАВКА!