Министерот Филипче негрижејќи се и неодржувајќи ги клиниките низ републиката ги спрема за неговото јавно приватно партнерство или продажба на се што е државен имот во рамките на министерството за здравство.

Таква е ситуацијата и со клиниката во Битола, каде што поради негрижа за самиот пристапен пат, за влезниот коридор, пристапните влезови за пациентите, брзата помош и болните истите се сронети од забот на времето, направени се огромни дупки и кратери кои при секое невреме се полнат со вода и пациентите мораат да се справуваат со овие водени пречки за да може да дојдат и да ја добијат потребната медицинска помош. Ваква е сликата со болницата во Битола, којзнае како е низ целата Република, нашата редакција овие слики ги доби од пациент кој загрижен зошто се запуштаат медицинските установи низ република Македонија, направил неколку слики и ги прати до нашата редакција. Ние ги охрабруваме сите оние кои се соочуваат со исти или слични приказни нека пратат слики до нашата редакција ќе ги објавиме, да се посочи на министерот Филипче и да се види каква е состојбата со болниците и клиниките низ државата.

Кога неможе сам Филипче, ние ќе му помогнеме да види што се запушта, за што не се грижи и каде греши.